Врховната Рада ја продолжи воената состојба и мобилизацијата во Украина за 90 дена

Врховната Рада ги усвои нацрт-законите што ги претстави украинскиот претседател Вoлoдимир Зеленски за продолжување на воената состојба во земјата и општа мобилизација за уште 90 дена – до 13 мај. Ова го изјави пратеникот на украинскиот парламент Јарослав Железњак.

Радата го одобри и претседателскиот указ за продолжување на мобилизацијата.

Нацрт-законите беа воведени во украинскиот парламент на 5 февруари. Гласањето за продолжување на воената состојба и мобилизацијата беше десетто од 24 февруари 2022 година. Железњак потсети дека следната фаза ќе биде потпишување на документи од страна на претседателот.

Постојаното продолжување на воената состојба го оневозможи одржувањето на парламентарните избори во земјава, кои беа закажани за крајот на октомври минатата година. Според Уставот на Украина, гласањето не може да се организира за време на воена состојба. Новото продолжување ќе го оневозможи правно одржувањето на претседателските избори напролет.