Врховниот суд го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република С Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република С Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелацискиот суд годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.