Холандскиот Врховен суд во петокот пресуди дека холандската држава делумно е одговорна за смртта на 350 Бошњаци кои во 1995 година биле исфрлени од безбедната зона на Обединетите нации под контрола на холандскиот воен контингент и потоа убиени во налетот на силите на босанските Срби, пренесуваат светските агенции.
Како што пренесува агенцијата AFP, холандската држава според одлуката на највисоката судска истанца во земјата имала „многу ограничена“ одговорност за смртта на повеќе стотици бошњачки мажи, намалувајќи ја одговорноста на Холандија во однос на пресудата на Апелациониот суд од 2014 година.
Судот пресудил дека Холандија понесува само 10 отсто од одговорноста, пресметувајќи дека веројатноста холандските војница да ги спасат животите на босанскохерцеговските муслимани изнесувала токму толку – 10 отсто. Според бројките кои ги прифаќа меѓународната заедница, во масакрот во Сребреница припадниците на Војската на Република Српска ликвидирале околу 8.000 Бошњаци.
Во пресудата од 2014 година, Апелациониот суд ја проценил одговорноста на Холандија на 30 отсто, но Врховниот суд во денешната пресуда драстична ја намалил, истакнува агенцијата DPA.
Иако судот потврдил дека холандските војници, припадници на мировните сили на ОН, во евакуацијата на 350-те мажи дејствувале „противзаконски“, исто така, образложил дека „дури и на Бошњаците, 350 од нив, им било дозволено да останат во базата, имале само 10 отсто шанси да не паднат во рацете на силите на босанските Срби. И оттаму, холандската држава би требало да биде одговорна само за тој дел од штетата којашто ја претрпеле оштените“, се наведува во одлуката на судот којашто ја цитира агенцијата Reuters.
Уште од времето на масакрот во Сребреница холандските власти тврдат дека нивните војници биле во „невозможна мисија“. Извештајот за улогата на Холанддија во масакрот во Сребреница во 2002 година предизвика оставка на целата холандска влада.
Правната постапка ја покрена здружението „Мајките од Сребреница“, кое го формираа роднините не настраданите. Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, го карактеризираше дејствувањето на српските сили во Сребреница како геноцид. Европскиот парламент во јануари 2009 година ги прогласи 11-ти јули како „Ден на сеќавањето на геноците во Сребреница“.