Врховниот суд на Европската унија денеска соопшти дека е единствениот надлежен да одлучува дали телата на Унијата ги кршат регулативите на тој блок, во однос на позицијата на германскиот Уставен суд дека Европската централна банка (ЕЦБ) го надминува својот мандат со масовно купување обврзници.
Иако Европскиот суд на правдата во соопштението не ја коментира конкретно германската пресуда, наведува дека: „Генерално … за да се обезбеди единствена примена на законите на ЕУ, само Судот на правдата има надлежност да одлучува дали активностите на некоја институција на ЕУ се во спротивност на законите на Европската унија“.
„Несогласувањата меѓу судовите на земјите-членки во врска со валидноста на ваквите активности навистина може да го загрозат единството на правниот поредок на ЕУ и да ја намалат правната сигурност“, се вели во соопштението на Судот на Европската унија.