Врховниот суд на САД ја поддржа забраната за оружје за семејните насилници

Врховниот суд на САД во петокот го поддржа федералниот закон кој ќе се смета за кривично дело лицата со историјат за семејно насилство на кои им е изречена со забрана или ограничување на пристап ди нивната жртва да поседуваат оружје, што се доживува како голема победа за администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Одлуката донесена со осум гласови „за“ и еден „против“ ја поништи пресудата на понискиот суд со која беше укинат законот од 1994 година како повреда на правото на Вториот амандман за „поседување и носење оружје“.

Администрацијата на Бајден го бранеше законот како критичен за заштита на јавната безбедност и жртвите на семејно насилство, кои често се жени. Тврдеше дека забраната треба да остане на сила врз основа на долгата традиција на Америка за конфискување пиштоли од луѓе кои се сметаат за опасни. Нагалсуваше дека оружјето е особено сериозна закана во случаите на семејно насилство и дека е многу опасно и за полициските службеници повикани да интервенираат во таквите инциденти.

Конзервативниот судија Џон Робертс истакна во својата пресуда дека од основањето на Соединетите држави, законите за оружје се насочени кон луѓе кои се физичка закана за другите.

„Кога наредбата за ограничување ќе утврди дека поединецот е реална закана за физичката безбедност на интимниот партнер, на тој поединец може, согласно Вториот амандман, да му се забрани да поседува огнено оружје додека е во сила наредбата за ограничување“, објасни Робертс.

Одлуката се однесува на случајот на Зак Рахими, Тексашанец кој во 2021 година призна дека нелегално поседувал оружје со кршење на тој закон, додека му бил забранет пристапот на девојка што ја нападнал на паркинг, а подоцна ѝ се заканил дека ќе ја убие. Полицијата пронашла пиштол и пушка во неговиот дом поврзани со најмалку пет престрелки, вклучително и напад врз домот на маж на кого му продавал дрога.

Федералниот судија ја отфрли молбата за Вториот амандман на Рахими и го осуди на повеќе од шест години затвор. Законот предвидуваше казна затвор до 10 години за вакви случаи, која подоцна беше зголемена на 15 години.

Поддржувачите на Рахими тврдат дека судиите премногу лесно издаваат наредби за ограничување, што има ефект на ускратување на уставното право на обвинетите за насилство.

Врховниот суд ги сослуша аргументите за случајот во ноември.