Врховниот суд на САД ќе ја разгледува обврската за вакцинирање што ја воведе Бајден

Врховниот суд на Соединетите држави се согласи во средата да ги покрене споровите околу обврската којашто ја воведе администрацијата на претседателот Џо Бајден за вакцинирање или тестирање на Covid-19 за големите компании и задолжителната вакцинација за здравствените работници.

Во кусиот судски налог се наведува дека судот ќе ги сослуша усмените аргументи на 7-ми јануари во два слуачи, а пресудите веројатно ќе следат во кус рок.

Врховниот суд, во кој мнозинството на конзервативните судии е во соодносот 6 наспроти 3, го одложи постапувањето по итните барања и во двата слуачи. Обврската коај се однесува на работното место моментални е на сила во целите САД, додека во обврската за здравствените работници е болкирана во половината од 50-те американски сојузни држави.

Апелацискиот суд минатиот петок дозволи обврската за вакцинирансот на работното место, која покрива 80 милиони американски работници, да стапи на сила што ги поттикна компаниите, сојузните држави и други ентитети дапобараат од Врхивниот суд да ја блокира.

Вториот случа се однесува на тоа дали може администрацијата да бара од здравствениет работници во установите коишто ги финансира сојузната држава да се вакцинираат додека трае судскиот спор.

Администрацијата на Бајден побада од судот да дозвило мерката да стапи на сила во 24 сојузни држави во коишто обврската ја блокирале пониските судови. Блокрана е, исто така, и во Тексас во еден засебен случај.

Американскиот претседател Џо Бајден во септември ги претстави прописите за зголемување на стапките на вакцинираност на возрасните како начин на борбата против пандемијата, која усмрти повеќе од 800.000 Американци и го оптовари тамошното стопанство.