Врховниот суд на САД ќе одлучува за имунитетот на Трамп од кривично гонење

Врховниот суд на САД во средата го прифати барањето да се произнесе дали поранешниот претседател Доналд Трамп има имунитет од гонење по обвиненијата за наводен обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Судот првпат одлучува да разгледува ваков случај, а од девет врховни судии, шест се конзервативци. Тие ќе ги сослушаат тврдењата на Трамп дека треба да биде заштитен од кривична одговорност, објави BBC.

Американскиот специјален обвинител Џек Смит го обвини Трамп за заговор за поништување на победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година, како и за измама за да остане на функцијата. Судењето за тој случај првично беше закажано за 4-ти март, но беше одложено во очекување на одлуката за барањето за имунитет на Трамп.

Случајот уште еднаш го втурнува највисокото правосудно државно тело во изборна борба, бидејќи судиите треба да одлучат дали да ја поништат пресудата на највисокиот суд во Колорадо со која му забрануваше на Трамп да учествува на републиканските прелиминарни избори во државата врз основа на уставна одредба донесена по американската граѓанска војна со која се забрануваат официјални лица кој учествувал во бунт.

Судот рече дека ќе ги сослуша аргументите и ќе донесе одлука за барањето за имунитет на Трамп. Рочиштето за случајот треба да започне околу 22-ри април, а тој рок овозможува да се донесе одлука до крајот на редовната сесија на судот во јуни.

Правното прашање што треба да го реши судот е дали и до кој степен поранешниот претседател ужива имунитет од гонење за однесување кое наводно вклучувало учество во бунтот на неговите поддржувачи на 6-ти јануари 2021 година.

Судот во Вашингтон на почетокот од февруари пресуди дека Трамп може да биде кривично гонет под обвинение за заговор и обид за поништување на изборите во 2020 година. Трамп во големиот правен случај тврдеше дека е имун од кривични пријави за дела, за кои тврдеше дека се дел од неговите должности како претседател.

Обвинителите тврдеа дека Трамп дејствувал како кандидат, а не како претседател, кога вршел притисок врз функционерите да ги поништат изборните резултати и ги охрабрувал своите поддржувачи да го нападнат Капитол на 6 јануари 2021 година и вршел притисок врз Конгресот да не ја потврди победата на Џо Бајден. Но фактички, мандатот на американскиот претседател завршува секогаш на 21-ви јануари, кога се одржува инаугурацијата на новиот претседатл, сметаат од околината на Трамп..