
Американскиот Врховен суд објави во петокот дека ќе го преземе случајот за авторските права поради кој со години се конфронтираат Google и произведувачот на софтвер и хардвер Oracle, одлука којашто може да има последици за целиот софтверски сектор.
Компанијата Oracle, сопственик на програмскиот јазик Java откако ги купи Sun Microsystems во 2010 година истата таа година поднесе и тужба против Google. Во компанијата сметаат дека интернет гигантот користи елементи од Java за својот оперативен мобилен систем Android и дека поради тоа мора да плати за дозвола за користење. Компанијата којашто ја основаше Лери Елисон бара повеќе од 9 милијарди долари отштета.
Меѓутоа, според Google, од Sun Microsystems додека бил независен изјавиле дека Java ќе има отворен код и дизволил да го користат сите програмери. Оттогаш двете компании се конфронтираат и овој предмет преминуваше од суд во сид, и конечно ќе заврши на највисокиот суд во САД.
Замајќи ги предвид влоговите и можните последици по интелектуалната сопственост, овој предмет речиси цела деценија со големо внимание се следи во целиот технолошки сектор.