Врховниот суд на САД реши дека Тексас смее да ги апси и затвора илегалните мигранти

Американскиот Врховен суд пресуди дека властите на Тексас смеат да ги апсат и да ги затвораат илегалните мигранти во рамките на новиот закон на оваа сојузна држава за миграцијата, јавува во вторникот BBC.

Законот познат по ознаката SB4 ѝ овозможува на локалната и на државната полиција апсења и прогон на осомничените за нелегалното минување на границата меѓу Мексико и Тексас. Законот беше потпишан во декември, а првично требаше да стапи на сила на 5-ти март.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го нарече овој закон неуставен. Одлуката на Уставниот суд е донесена само ден откако поради жалбите беше блокирана на истото ниво.

Стапувањето на сила на законот трипати го одложуваше судијата Семјуел Алито.

Врховниот суд во вторникот пресуди дека законот SB4 може да стапи на сила, но понискиот сојузен апелациски суд сѐ уште не донел одлука за неговата легалност. Тројцата ткна либерални членови на Врховниот суд именувани и наклонети од демократите – Соња Сотомајор, Елена Каган и Кетаџи Браун Џексон изразија несогласување.

„Судот на дава зелено светло коешто ќе го наруши долготрајната рамнотежа на моќ меѓу сојузното и државното ниво и да посее хаос“, напиша Сотомајор, во своето мислење коешто го цитираат американските етаблирани медиуми кои се целосно наклонети на Демократската партија.

Законот SB4 има дава овластување на локалните и државните полициски функционери да ги запрат и уапсат лицата за кои се сомневаат дека нелегално ја минале границата на САД, освен во училиштата, здравствените установи или религиски простори.

Предвидени се прекршочни или кривични постапки и можни затворски казни, или парични казни до 2.000 американски долари. Казните за оние кои незаконски ќе влезат во Тексас откако претходно веќе еднаш биле депортирани би можеле да бидат и до 20 години затвор, зависно од имиграциската или криминална историја на лицето.