Врховниот суд образложи зошто на Северина и е одземено старателството

Врховниот суд ја соопшти одлуката за ревизија на правосилната пресуда на Жупанискиот суд во Сплит во случајот за старателството над синот на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ. Тоа е веста која во вторникот шокираше многумина, а Северина веќе неколкупати се огласи и порача дека ќе се бори „до последната капка крв за своето дете“, пишува „24сата“.

Имено, пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која е одлучено дека синот, за кој родителите имаат заедничко старателство, ќе поминува подеднакво време со двајцата родители, но ќе престојува со мајката, сега е поништена со оваа одлука на Врховниот Судот. Тоа значи дека таа повеќе не произведува никакви правни влинија, како никогаш да не постоела. Единственото одлука што останува во сила е она на Општинскиот граѓански суд од ноември 2019 година, кој одлучи момчето да живее со татко му, а мајка му да може да го посетува двапати неделно, секој втор викенд и за време на празници.

Судот, се наведува во одлуката, го прифатил барањето за ревизија поднесено од Милан Поповиќ. Тој посочил дека Жупанискиот суд во Сплит не ги испитал усно вештаците на рочиштето, иако тој тоа конкретно го побарал.

Според одлуката на Врховниот суд, поради ова, дошло до значителна повреда на одредбите од парничната постапка. Советот на Врховниот суд смета дека е направен пропуст токму во тоа што вештаците не биле сослушани на рочиштето во Жупанискиот суд во Сплит.

– Мора да се заклучи дека, штом една од странките побарала вештакот усно да се сослуша на рочиштето и притоа ги прецизирала околностите под кои се предлага сослушувањето, независно од тоа што претходно генерално се изјаснила дека нема приговори на наодите и мислењето на вештакот, дошло до битна повреда на одредбите на парничната постапка. Затоа второстепената пресуда е укината и предметот е вратен на повторно судење во Жупанискиот суд во Сплит – се наведува во одлуката.