Вртиме нов лист, земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата

Поминаа 7 тешки години, понижувања на трудот и маката на чесниот македонски земјоделец, ова во видео обраќање на Фејсбук го кажа кандидатот за министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Свртуваме нов лист. Земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата. Јас сум земјоделски инжинер, потекнувам од земјоделска фамилија, раководев со земјоделски ресори и работев во МЗШВ долги години. Нема село во државата кое не го знам, не сум го посетил или каде немам решено некој проблем. Тоа така и ќе продолжи да биде. Драги земјоделци знаете дека сум еден од вас, ваша тврдина и ваш најголем пријател. Следуваат години на развој на земјоделието. Инвестиции во откупни центри и преработувачки капацитети. Доаѓа време кога сите вие ќе биде среќни, затоа што вашиот труд ќе се исплати, истакна Трипуновски.

Време е за насмевка на лицата на земјоделците. Време е за подобро утре. Македонија за тебе. За сите нас. Почнуваме, додават тој.