За прв пат од декември, лани, цените на нафтата на светските берзи паднаа под 50 американски долари за еден барел, јавуваат светските медиуми.
На почетокот на јануари, годинава, просечната цена за еден барел изнесуваше 57,10 долари, а само пред неколку дена таа падна на 51,97 долари.
Американската лесна нафта за испорака во април, годинава, поефтини за 74 центи и сега изнесува 49,54 долари за еден барел, додека цената на северноморската нафта од типот „Брент“, за испорака во мај, годинава, се намали за дури 1,09 долари.
Инаку, цената на нафтата се движеше над 50 долари за барел откако ОПЕК и другите земји производители, почнаа да го намалуваат производството на почетокот на 2017 година, и тоа со намера да настојуваат да се намали вишокот од понудата на глобалниот пазар.
Но, беа објавени информации дека резервите на непродадена нафта во САД пораснале на 8,2 милиони барели дневно, што е четирипати повеќе од очекувањата на берзата. Експертите сметаат дека токму оваа информација е причината за падот на цената на нафтата на светските берзи.
Што се однесува, пак, до регионов, Македонија има едни од најниските цени на горивата, во споредба со останатите земји.