Во органоците на Алијанса за Албанците денеска се одржа референдум на кој членовите на огранските собранија одговараа дали се за или против влез на партијата во Владата. Референдумот, како што информираат од Алијанса за Албанците, е спроведен преку онлајн прашалник.
„Резултатите ќе бидат претставени пред членовите на Претседателството, а потоа и јавноста ќе биде информирана за одлуката“, најавија од АА.
Референдумот во АА се одржа на предлог на претседателството на партијата.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред два дена за преговорите со владините претставници најави дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени поголемиот дел од точките за нивни влез во Владата.
Доколку Алијанса за Албанците стане дел од владејачкото мнозинствоќе сака да го предводи Министерството за здравство, затоа што како велат за таа област имаат добри кадри. Алијанса е заинтересирана и за фотелјата во ресорот правда, во која во моментов седи министерот Никола Тупанчевски од СДСМ.
Африм Гаши чека подобра понуда или излегува од Влада, Димитар Ковачевски и собранискиот спикер Талат Џафери веќе ја договорија седницата за новата Влада за в понеделник.
Според информациите на ТВ 24 од Алтернатива даваат уште една шанса за да се договорат со Ковачевски. Според истиот функционер 99 отсто од ченовите на синоќешниот состанок биле да се излезе од Влада.
Од партијата на Гаши велат дека понудата е понижувачка, министер за информатика, заменик во култура и неколку агенции. Сите поголеми претпријатија со кои раководи Гаши, како МЕПСО, ПИОМ, пошти,железници треанспорт одат кај Алијанса .
– Понудата што ја добивме е срамна. И за таа понуда 99 отсто од најтесното раководство Очекуваме премиерот Ковачевски уште еднаш да размисли ако навистина сака да остане Алтернатива во Влада – вели за ТВ 24 висок функционер од Алтернатива.
Од партијата на Гаши остануваат на ставот дека средбата со Христијан Мицкоски била редовна, но неколку часа по средбата во политичките кругови се толкува како порака за Ковачевски. Премиерот пак денеска само со порака дека одлуката на Гаши зависи само од него. Планот на СДСМ е предлогот уште утре да влезе во Собрание, а на седницата в понеделник со новите министри да се најдат и замениците министри. Како што веќе објави тв 24, Кренар Лога ќе биде нов министер за правда, Елми Азири вицепремиер за инвестиции и дијаспора, Фатмир Меџити за здравство.
Нов министер ќе има и за екологија, а министерството ќе оди во рацете на СДСМ, како можен кандидат се спомнува Каја Шукова.Што ќе се случи со министерството за информатичко општество и администрација ќе зависи од одлуката на Гаши. Вечерва договорот за влегување во Влада го верификува и Арбен Татавари на Централното претседателство во Тетово , откако електронски ќе се изјаснат партиските членови.
На контото на Таравари одат двајца заменици во одбрана и земјоделство, секретар во труд, како и заменик во ујп, раководител на сектор во царина, началник во мвр, дирелтор на просветен инспекторат. Засега е неизвесно дали Ковачевски и Таравари и официјално ќе потпишат договор за коалиција, како што беше случајот меѓу Заев и Гаши во присуство на Ковачевски и Сали.