Врвот на МВР во посета на Катар – земја обвинета за поддршка на меѓународен тероризам

Целокупното раководство на МВР на чело со Оливер Спасовски и двата директора на УБК и на БЈБ како и нивните шефови на кабинети и обезбедувањето на тројцата функционери, од утре до четвртокк, ќе престојуваат во посета на Катар.

Целта на посетата е помалку или повеќе туристичка со оглед на тоа дека освен потпишување на писмо со намери за соработка, нема воопшто никаква друга причина за патување на целокупното раководство на МВР во земја која Израел и меѓународната заедница како и сите нејзини соседи официјално ја прогласија за спонзор на тероризмот на Блискиот Исток.

Поради обвинувања за поддршка на ИСИС, Хамас, талибанците и џихадистичките организации од Либија од мај 2017 година влијателните арапски земји како Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и уште 12 други земји ги прекинаа дипломатските односи со Катар.

Повеќе од очигледно е дека во недостиг на реални резултати Оливер се труди преку „road trip“ да ги поправи разнишаните односи со директорот на БЈБ по апсењето на неговиот советник за истекување на податоци за лица кои биле на ПИ мерки.