Врвот на поплавниот бран во Белград се очекува во вторник и среда

Кулминирање на поплавите во Белград се очекува во вторник или среда, јавуваат од српското Министерство за внатрешни работи.

Поради поплавите досега во Србија се евакуирани над 16.000 луѓе. Евакуацијата продолжува во Обреновац, Барич, Сремска Митровица, во реонот на Пожаревац и во неколку други места. Без струја во моментов се околу 76.000 домови во 13 општини.