ВТА рангирање: Сабаленка пред Швјонтек

Оваа седмица дојде до промена на врвот на ВТА рангирањето на најдобрите светски тенисерки, Ига Швјонтек беше сменета од првото место со Арина Сабаленка.

Сабаленка загуби 10 бодови во однос на минатонеделното рангирање, но со оглед на тоа што Швјонтек истовремено загуби 120 бодови, тоа беше доволно да ја замени на врвот.

Во моментов Сабаленка има 9.706 бодови, односно 41 повеќе од Швјонтек, а во преостанатиот дел од сезоната ќе има голема борба меѓу овие две тенисерки за статусот „број 1“.

ВТА РАНГИРАЊЕ (минатонеделното рангирање е во заграда):
1 (2) Арина Сабаленка (Белорусија) 9706
2 (1) Ига Швјонтек (Полска) 9665
3 (3) Коко Гауф (САД) 5963
4 (4) Џесика Пегула (САД) 5785
5 (5) Елена Рибакина (Казахстан) 5471
6 (6) Јасмин Паолини (Италија) 5144
7 (7) Чинвен Женг (Кина) 4480
8 (8) Ема Наваро (САД) 3698
9 (11) Дарја Касаткина (Русија) 3500
10 (10) Беатриз Хадад Маија (Бразијл) 3194