Втор бран експлозии во Киев и Одеса

Втор бран експлозии утрово во Киев и Одеса, објави весникот „Клименко тајм“.

Информацијата за експлозиите во главниот град на Украина ја потврди и градоначалникот на градот Виталиј Кличко.

Две експлозии се слушнале во четвртокот наутро во југоисточното предградие на Одеса, изјави очевидец за ТАСС.

„Слушнав две експлозии во рок од десет минути“, рече тој.

Според украинскиот енергетски холдинг ДТЕК, регионот Одеса вовел итен прекин на електричната енергија.

Претходно беше прогласена тревога за воздушен напад на целата украинска територија.

Украинските медиуми во текот на ноќта известуваа за експлозии во Днепар, Никопол, Суми и Харков.