Втор ден продолжува 48-часовниот штрајк на државните службеници во Грција, против владините планови да скрати 11 илјади работни места во рамките на програмата за штедење, договорена со меѓународните кредитори, објавуваат грчките медиуми.
Во штрајкот, инициран од синдикатот на државните службеници АДЕДИ, учествуваат вработените во даночните служби, државните болници, а исто така и вработените од средното образование, бидејќи на 22 март истекува рокот даден од Владата за вклучување на наставниците во т.н. шема на мобилност со перспектива тие да бидат скратени.