Неделните средби од седмото коло на англиското фудбалско првенство го одбележаа минималната победа од 1:0 на Арсенал во дербито на колото против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, вториот пораз во низа на Евертон кој полека го напушта врвот на Премиер лигата во полза на градскиот ривал и откако Тотенхем оствари тешка победа
Фудбалерите на Тотенхем се пробија на второто место на табелата на англиската Премиер лига откако во последниот неделен натпревар со многу напори успеаја со 2:1 да го совладаат допадливиот тим на Брајтон енд Хоув Албион. „Спарси“ пред ова коло беа дури на деветтото место на табелата, а со трите бода направија огромен скок.
Стрелци за победата на Тотенхем беа Хари Кејн од пенал во 13 минута, по што следеше големо опуштање на целиот тим на Жозе Мурињо, па гостинскиот Брајтон ја презема играта и создаваше многу опасни ситуации пред противничкиот гол. Во таквата ритам кој продолжи и во вториот дел гостите успеаја да израмнат во 56 минута преку Тарик Лаптеи. Мурињо реагираше вадејќи го одигра вечерва неубделивиот прв стрелец на тимот сезонава Сон Хуен-мин, а во игра го внесе џокерот Герет Бејл. Велшанецот му донесе водство на Тотенхем во 73 минута со својот прв погодок за Тотенхем по седум години и 166 дена по неговиот последен гол за „Спарс“. Бејл од 2007 до 2013 година играше за Тотенхем, а потоа за 91 милион евра, еден од најголемите трансфери воопшто во англискиот фудбал мина во Реал Мадрид, а во лондонскиот клуб се врати на 19-ти септември годинава.
Тотенхем со новите три сега има 14 бодови и е на втората позиција со два бода помалку зад водечкиот Ливерпул, а со бод повеќе од Евертон, Саутемтон и Вулвефхемтон. Брајтон, пак, и покрај добрите игри успеа досега да освои само пет бодови и е на 16-то место.
Во дербито на колото Арсенал на гостувањето кај Манчестер Јинајтед победи со 1:0, остварувајќи го првиот лигашки триумф на „Олд Трафорд“ во последните 14 години. Последниот пат лондонските „Топчии“ славеа на „Театарот на сништата“ во септември 2006 година, исто така, со 1:0, а стрелец беше Емануел Адебајор во 86 минута.
И во вечерашниот дуел се водеше голема борба во која и двата тима создадоа мноштво опасни ситуации пред голот на противникот, а се чини дека Арсенал имаше повеќе среќа. Победникот го реши пеналот кој го направи Пол Погба а го реализираше Пјер-Емерик Обамејанг во 69 минута. Јунајтед најблиску до израмнување беше во 85 минута, но Дони ван де Бек ја погоди стативата.
Арсенал сега дојде до 9-то место на табелата и е последен од групата екипи со по 12 бодови, меѓу кои се и Астон Вила и Лестер кои имаат по шест натпревари. Манчестер Јунајтед незапаметено од кога има лош старт на сезоната и со само две победи и едно реми освои седум бодови со кои е на 15-то место, но има и еден заостанат меч.
За Њукасл ова беше првата победа во последните три кола, додека Евертон го впиша и вториот пораз во низа, откако во првите пет кола ниеднаш не беше поразен.
Домашните „Свраки“ поведоа со головите на Калум Вилсон во 56 минута во 56 минута од пенал и во 84 минута, а во судиското продолжение намали Доминик Калверт-Левин.
Ливерпул по вчерашниот триумф се осамостои на врвот на табелата со 16 бодови, а три помалку имаат Евертон, Саутемптон и Вулверхемтон. Њукасл со новите три бода моментално е 11-ти со 11 бодови, но може да падне некое место подолу откако во понеделник ќе бидат одиграни преостанатите два меча од колото.
Во првиот неделен натпревар Саутемптон на гостувањето ја совлада Астон Вила со 4:3, во меч во кој брилјираше централниот играч на „Светците“ Џејмс Вард-Проувс кој својот 26-ти роденден го прослави со два погодока и една асистенција.
Саутемптон поведе во 20 минута од прекин по десната крилна позиција, од која центаршут испрати Вард-Проувс а Јаник Вестергард со глава ја затресе домашната мрежа. Потоа Вард-Проувс постигна два погодока од слободни удари, и уште еднаш потврди дека во моментов е еден од најдобрите изведувачи на слободните удари на светот. Прво погоди во 33 минута од 20 метри, а потоа во 45 минута од 17 метри од голот. Четвртиот погодок за Саутемптон го постигна Дани Ингс во 58 минута. Високото водство предизвика опуштање кај гостите, што го искористи Астон Вила барем да го ублажи поразот, а стрелци беа Тајрон Мингс во 62, Оли Воткинс во третта минута од судиското продолжение и Џек Грилиш во седмата минута од судиското продолжение.
Саутемтон со оваа победа ја потврди добара форма на почетокот од сезоната и се одржа на четвртата позиција со 13 бодови, а Астон Вила со шест одиграни натпревари од седумте кола има 12 бодови и моментално е на седмата позиција на табелата.
Во понеделник колото ќе го заокружат дуелите Фулам – Вест Бромвич Албион и Лидс Јунајтед – Лестер Сити кои може да доведат до поголеми поместувања на табелата.