Втор пораз во низа за Антиќ

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ го претрпевториотпоразвониза со Атланта во НБА лига, овој пат на гостувањето кај Торонто Репторс со 96:86 Антиќ за 26 минутинапаркетотзапиша скромни 4 поени (1/1 за два поени, 0/5 за три поени, 2/2 од линијата за слободни фрлања) на кој придодаде  и 3 асистенци како и 10 скока (7 дефанзивни и 3 офанзивни), што воедно го направи најдобар скокач во својата екипа.

Најефикасен во триумфот на Торонто беше Каел Ловри со 25 поени, додека  Демар ДеРозан запиша 21 поени, а Валанчунас оствари дабл-дабл ефект од 13 поени и исто толку скока. Во поразената екипа на Атланта, Демар Керол и Пол Милсап постигнаа по 17 поени, еден поен повеќе од  Џеф Тиг.