Втор смртен случај во гевгелиската болница

Втор смртен злучај во гевгелиската болница, во една недела. Четиринаесет годишно девојче од селото Миравци, почина денеска во болницата во Гевгелија, јавува „Канал 5“.

Телевизијата повикувајќи се на сопствени информации, јавува дека девојче испило одредена количина на таблети за намалување на притисокот, при што се влошила нејзината состојба.

Најпрво било хоспитализирано во болницата во Валандово, а потоа рано утринава во тешка здравствена состојба било префрлено во гевгелиската болница каде починало.

Инаку, ова е втор смртен случај неделава во гевгелиската болница, каде пред два дена починаа родилка и нејзиното новороденче.