![bolnica bih](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/bolnica-bih.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Жена која била заразена со коронавросот починала во вторникот во Сараево, што е вториот смртен исход во Босна и Херцеговина предизвикан од епидемијата на Covid-19, соопшти Клиничкиот центар на сараевскиот универзитет каде е спроведено тестирање.
Починатата жена била на 52-годишна возраст, а во Домот на здравје на Илиџа била примена со висока температура. Лекарската интервенција не дала резултати. Таа наводно била во контакт кој го премолчела со својата ќерка која допатувала од Италија и се претпоставува дека била преносител на вирусот. Починатата на коронавирусот била тестирана по смртта.
Претходно во текот на денот во болница во Мостар почина маж, кој исто така бил заразен од коронавирусот.
Заменикот министер за здравство на Федерацијата БиХ, Горан Черкез, за новинарите во вторникот изјави дека причина за смрттта на мажот кој во саботата починал во болница во Бихаќ сепак не била инфекција со новиот коронавирус SARS-CoV-2, како што првично се претпоставуваше.
Вкупниот број заразени со коронавирусот во БиХ во вторникот ја мина бројката од 170 лица, а во целата земја под здравствен надзор се повеќе од 15.000 луѓе.
Претседателот на Претедателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, изјави дека Европската унија на земјата ѝ одобрила пакет од 28 милиони евра помош наменет за борбата притив епидемијата од коронавирусот. Дополнителни 40 милиони евра БиХ би трабало да ги добие од европските фондови, како помош за економијата која во оваа земја е веќе погодена со тешки последици од пандемијат.