Втора амнестија за Зоран Заев

амнестија

СЈО објаснува дека се откажува од обвинението бидејќи обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

„Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа.“ – стои во соопштението на СЈО

Одлуката на СЈО не е ништо неочекувано за оние кои го следеа судскиот процес. Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни оправдувања за одложување на рочиштата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци најави дека овој процес ќе добие ваков епилог, бидејќи како што изјавија, СЈО е само продолжена рака на СДСМ, па оттука, не треба да се очекува дека Катица Јанева да води предмети против Зоран Заев.

Сепак, ова не беше единствениот кривичен предмет кој се води против лидерот на СДСМ. Оној од кој Јанева не може да го спаси е преметот “поткуп“ каде Заев е снимен во акција одобрена од Судот, како бара поткуп од бизнисмен во Струмица.