Втора глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена”: Слободна ли е жената денес?

Го има ли жената местото на пиедесталот кое го заслужува? Слободна ли е жената денес, или заплеткана во канџите на некој кој си замислил дека е надреден над неа?! Вечната борба но и достигнувања на македонската жена во земјава и светот се темите на годинашната, втора, глобална, женска, лидерска конференција во Охрид, „Јас сум жена”.

– Целта на “Јас сум жена” е да се допре до жени во сите сфери на општеството, низ нивните примерида ја осознае положбата жената, со кои предизвици проблеми се соочува на секојдневна основа и да изнајде идејни решенија за надминување на истите, изјави Ана Дукоска, претседателка на “Јас сум жена”.

Меѓу панелистиките учеснички на конференцијата, се слушнаа животните предизвици и успеси на 12 Македонки од земјава и светот, преку четири одделни панел-дискусии. Јасмина Атанасова Симјаноска, прв дипломиран оџачар во Македонија, Дарија Андовска наш светски познат композитор, Симона Живковска, актерка која работи и во Англија, Стефанија Гаштарска, македонска балерина во Русија, Билјана Јуруковски, фотографка која рабити во Африка и Австралија, се само дел од панелистките чии импресивни биографии претставени на конференцијата се гордост за македонската држава.