Уште една топка со дијаметар од околу метар и половина е пронајдена во пештера на брегот на јапонскиот остров Токуношома, пренесе локалниот телевизиски канал MBC.
Според овие информации, припадниците на локалните служби за спроведување на законот биле информирани за топката уште на 28-ми февруари, но не било можно да се направи увид до средата. Според претставникот на полицијата на префектурата Кагошима, топката е шуплива и нема закана од експлозија.
На емитуваните кадри од пештерата која е на тешко пристапен карпест и стрмен терен се забележува голема топка, речиси целосно прекриена со ‘рѓа. При тапкање на еден од припадниците на локалните власти се слуша звук сличен од шуплив метален предмет. Во центарот на сферичниот предмет се забележува линија од заварување, а во долните дела нешто налик на јазли.
Стручњаците ангажирани од локалните власти во интервју за телевизијата сугерираат дека оваа топка може да биде слична на онаа што беше пронајдена една седмица претходно во префектурата Шизоука.
Тогаш топката беше пронајдена на плажата во областа Цубои во градот Хамаматцу од локален жител. Претставниците на градската администрација подоцна изјавија дека се работи за метална бова.