![komisija mak bug](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/komisija-mak-bug.jpg?resize=592%2C346&ssl=1)
Втората средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи утре и задутре во Скопје.
На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на работа, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.
Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија на која беа разгледани и утврдени начелата и методологијата за работа на Комисијата, согласно принципите за заемно разбирање и академска заснованост, како и досегашните позитивни европски искуства.
Средбата е согласно обврските за имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. (МИА)