Втората Европска комисија на Урсула фон дер Лајен беше потврдена во средата на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур со најмалку гласови во последните три децении.
За потврда на Европската комисија доволно е мнозинство од пратениците кои се приклучуваат на гласањето а не апсолутно мнозинство од сите пратеници. Гласањето не е тајно, туку поединечно. Од 720 пратеници во Европскиот парламент, гласаа 688, од кои 370 гласаа „за“, 282 „против“, а 36 беа воздржани.
Самата претседателка на Комисијата, кога во јули беше реизбрана за вториот мандат, доби значително повеќе гласови отколку во средата нејзината нова Комисија. Тогаш на тајното гласање за неа гласаа 401 пратеник.
Втората комисија на Урсула фон дер Лајен доби 370 гласа, што е 54 отсто од пратениците кои гласаа.
Нејзината прва Комисија во 2019 година доби 65 отсто од гласовите (461 глас). Нејзиниот претходник Жан-Клод Јункер доби 61 отсто од гласовите (423) во 2014 година. Втората Комисија на Жозе Мануел Баросо во 2010 година доби 70 отсто од гласовите на пратениците кои гласаа (488). Неговата прва Комисија во 2004 година доби 72 отсто (478 гласови).
Пред Барос, Комисијата Романо Проди во 1999 година доби дури 87 отсто од гласовите (510). Претходникот на Проди, Жак Сантер од Луксембург, доби 72 отсто од гласовите (417) во 1995 година.