Со цел да ја надмине кризата која што во првите три месеци од годинава предизвика загуба од 700 милиони евра „Комерцбанк“ планира да отпушти една петина од своите вработени, јавува дописникот на МИА од Берлин.
На местото на вкупно околу 9600 отпуштени банката планира да вработи 2300 луѓе специјалисти за дигитално банкарство и нови технологии со цел да се прилагоди на новите пазарни услови.
Кризата во германскиот банкарски сектор се случува во моменти кога стапката на невработеност падна на рекордно ниски 5,9 отсто.