По малиот пад на температурите, од вторник се враќа топлото време.
Од вторник се враќа топлото време
Како што информираат од УХМР, од вторник до петок (15-ти до 18 септември) подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината.
Пад на температурите од сабота
Оттаму велат дека постепено опаѓање на температурата на воздухот се очекува од сабота (19-ти септември), кога во текот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.
Какво време не очекува во текот на денешниот ден, погледнете на следниот линк.