Второстепената комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа, порача Николоски

-Ќе направиме се со Јавното претпријтие за државни патишта за да ги раскинеме сомнителните тендери за одржување на патиштата и оддржувањето да се прави во соработка со Македонија пат, потенцираше заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во утринското гостување во ТВ Сител.

Тој изрази сомнеж во работењето на второстепната комсија за жалби по јавни набавки потенцирајќи дека тендерот за оддржување на патиштата неколку години по ред на сомнителен начин го добива една иста фирма – Мирсад Комерц.

-Пред две години на прес конференција кажав дека ЈПДП наместо да даде средства на Македонија пат за ги чисти автопатите и да ја коси тревата по автопатите што е работа на Македонија пат, дала тендер на приватна фирма Мирсад Комерц случајно од Кичево од каде е и лидерот на ДУИ и тоа за фантастични 2 милина евра. Во овие години ниту гранки видовме пресечени, ниту трева видовме дека исчистила фирмава. На одење стариот директор на ЈПДП повторно распишал тендер за истава фирма Мирсад Комерц која што магично го добила истиот. Останатите фирми се жалат и второстепената комисија по жалби за јавни набавки колку што сум информиран ги одбива сите жалби. Сакам да го прашам претседателот на второстепената комисија која по суштина треба да е независно тело, како е можно да ги одбијат жалбите на сите останати компании и Мирсад Комерц треба да продолжи да работи? Како е можно таа второстепена комисија да донесе ваква одлука имајќи предвид дека за нејзиното работење имаше вакви сомнежи, еве земете го РЕК Битола каде што иста компанија “Марковски компани” ги добива тендериве во изминтиве 4-5 години, а состојбата во РЕК Битола е катастрофална, истакна Николоски.

Министерот повика Јавното обвинителство да ја преиспита работата на второстепата комисија по жалби за јавни набавки, бидејќи како што рече, носеле сомнителни одлуки.