Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на ППД Загреб. Искусниот ракометен тренер и миленик на навивачите на РК Вардар од приватни причини одлучил да си замине од хрватскиот тим.
Ова го потврдија и од ППД Загреб и му посакаа многу среќа и успех во следните предизвици.
По последните промени во РК Вардар и враќањето на Михајло Михајловиќ, нема да биде изненадување ако на Вујовиќ му биде понудена шанса одново да седне на кормилото на црвено-црните каде што во моментов е Стевче Алушевски.
Вујовиќ најави дека има причини поради кои мора да биде во Србија но не ја исклучи опцијата и да се врати во Загреб.