Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ посакува неговиот тим на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед, да ја прекине серијата порази во Лигата на шампионите.
-Продолжува Лигата на шампионите. Здравствениот билтен во тимот е добар. Играме против Пик Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Прво се среќаваме во Сегед, па по седум дена во Скопје. Ова му доаѓа како некој бараж. Вардар е подготвен. Мора да ја прекинеме серијата порази, атоа може да го направиме ако играме храбро. По традиција на гостувањата кај Пик Сегед играме добро. Се надевм дека ќе биде така и овој пат.
Првиот натпревар „црвено-црните“ го играат во Унгарија во четврток, а вториот се игра во Скопје на 25 ноември.
По шест кола во А-групата од елитното ракометно натпреварување, Вардар е на 6. место со пет бодови, Сегед е на 4. позиција со осум освоени бода.