Вучевиќ: Курти не се откажува од својата цел, а тоа е да нема Срби

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, во гостување на ТВ Прва, изјави дека „насилството на Косово и Метохија продолжува откако Албин Курти дојде на власт“.

– Човекот не се откажува од својата крајна цел, а тоа е да нема Срби – рече Вучевиќ.

Тој појасни низ што поминуваат Србите во Косово и додаде дека во најмала рака е вознемирувачка ситуација. Тој додаде дека таква ситуација не била само по 24 септември.

Вучевиќ рече дека два дена по настаните во Бањска имале 8.350 војници.

– Во декември 2022 година имавме 14.000 војници. Додека зборуваме, имаме под 4.000 војници во КЗБ, во суверениот дел на државата. Кога ќе слушнете обвиненија дека трупаме војска… Употребуваат напнати фрази за да етикетираат некого. Демобилизиравме дел од единицата, тие се враќаат во касарната, а војската на Србија следи што се случува на просторот што според меѓународното право и припаѓа на нашата земја – нагласи Вучевиќ.

– Тој наратив дека Србија се подготвувала нешто да направи, обучени и вооружени групи е сето тоа глупост со цел политички да се дискредитираме – додаде тој. Тој се осврна и на обвинувањата дека Србија учествувала во настаните во Бањска и изјави дека тоа е кампања за дискредитација на земјата.

-Албанската полиција го користи и нашето оружје, а тоа го докажавме. Од кого купиле е големото прашање. Дали по таа аналогија  на Приштина која тврди дека сме обучувале луѓе, значи и дека ја вооруживме и трениравме косовската полиција? Тоа е е глупост – објасни Вучевиќ.

Во врска со апсењето на Милан Радоичиќ, кому во вторникот му беше одреден притвор, Вучевиќ рече дека Србија е земја со институции, каде што има правен поредок.

– Не сме создадени врз основа на терористички акти, на туѓа територија, како што некои се обидуваат да направат – рече тој и додаде:

– Нашите институции мораа да реагираат поради податоците што се појавија во медиумите. Ова не се прави за Србија да се додвори некому, туку за да Србија да би била правна држава. Тоа го прави сериозна држава, рече Вучевиќ.