Вучиќ ја пречека Мелони со огромен букет ружи, но и со унгарско знаме? Српската Влада демантира, италијанското знаме било погрешно поставено

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја италијанската премиерка Џорџа мелони на аеродромот во Белград со огромен букет од прекрасни црвени ружи, но дали италијанските знамиња поставени во нејзина чест беа погрешно наместени? На социјалните мрежи во србија нестивнуваат коментарите дека Мелони всушност била пречекана со унгарското знаме.

-Знамињата, како и секогаш при пристигнувањето на странските гости, се поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред Палатата Србија, каде што се одржува средбата меѓу италијанската  премиерка и српскиот претседател. Пред Палатата знамињата беа правилно поставени, но проблем настана со поставените покрај автопатот.

-Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските риги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални. Српското знаме беше поставено по должина, но што се случи со италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па Мелони беше пречекана со унгарски знамиња, пишуваат граѓаните во коментарите на социјалните мрежи.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија ги демантира неточните информации објавени во медиумите во врска со поставувањето на знамето на Република Италија.

– Сакаме да нагласиме дека процедурите за поставување на знамето на Република Италија беа спроведени со најголема грижа и во согласност со меѓународните протоколи. Форматот за поставување знамиња покрај автопатиштата кај нас е вертикален, што бара специфична адаптација на знамињата на сите земји на овој формат. Овој метод на инсталација е усвоен за да се обезбеди еднообразна презентација и почитување на сите знамиња, без разлика на нивните оригинални пропорции – соопшти Владата на Србија.

ФОТО: Instagram