Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека во период од две недели ноќните клубови и сплавови ќе имаат забрана за работа од 23 часот до 6 часот наутро, а се затвораат и кафулињата и студентските домови.
Тој вели дека Белград е жариште на коронавирус и Владата ќе донесе нови мерки.
„Би сакал да не се случува ова, најголемиот проблем е Белград со 82,5 проценти од заразените“, вели Вучиќ.
За сите коишто нема да ги почитуваат мерките им се заканува казна во вредност од 5 до 6.000 динари.
„Овие мерки ќе важат од утре, а доколку не дадат резултат, ќе воведеме уште порестриктивни мерки“, изјави Вучиќ.
„Да можев да одлучувам сам, би го ставил градот под карантин и би вовел полициски час“, додаде Вучиќ и рече дека тоа е наједноставно и најбрзо решение.
Вучиќ додаде дека доколку новите мерки не дадат резултат во рок од 4 дена, ќе го стави Белград под карантин.