Вучиќ доби смртни закани: „Ви се колнам, подготвени сме“

На претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва му се закануваа со смрт на протестот на десничарите одржан во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Во својот говор, според извештаите, еден од организаторите на протестот Дејан Петар Златановиќ рече „Кој ќе потпише, него ќе го убијат“.

Дека нивната намера, како што стои во написот на медиумите од регионот, е да го загрозат животот на српскиот претседател Александар Вучиќ, потврдува и ултрадесничарот Дамњан Кнежевиќ од таканаречените „Народни патроли“, чиј член, Дејан Бобачек, денеска излезе на протестот со снајперска пушка.

Тој меѓу другото на протестот рече: „Ви се колнам, подготвени сме на многу повеќе од немири“, пишуваат медиумите во соседството.