Вучиќ: Договорот со Косово е најдоброто можно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека земјата успеала да го извлече најдоброто од договорот со Косово за решавање на актуелната криза меѓу двете земји, пренесуваат српските медиуми.

Тој го обвини премиерот на Косово, Албин Курти дека со своите последни изјави поттикнува нови конфликти.

– Албин Курти денеска изјави дека очекува до октомври да нема повеќе неважечки регистарски таблички на Косово. Тоа значи дека сака конфликти и постојани проблеми. Имаат договор за слободно движење кој се занимава со таблички, но тоа е поинаку. Ќе се бориме и ќе ја заштитиме страната на нашиот народ. Наше е да ја заштитиме нашата позиција“, посочува Вучиќ.

Српскиот претседател на новинарите им рече дека договорот според кој Србија го укинува издавањето на документи за излез за лицата кои имаат косовски лични документи, а Косово не ги воведува за оние кои имаат српски лични карти, е само вербален, бидејќи писмениот договор е потпишан во 2011 година. Според него, од 2011 година граѓаните ја преминувале административната линија со косовски документи, но со нив се издавала хартија, која сега е укината.