Вучиќ: Доколку Србите организираат избори на Косово, албанската полиција ќе пука во нив

Српскиот претседател Александар Вучиќ се кандидираше на претседателските избори, а во емисијата на „РТС2“ кажа дека на Косово владее хаос и не може да се зборува рационално.

Вучиќ смета дека ќе има инциденти на Косово, ако Србите решат да организираат избори.

„Албанската полиција ќе пука во нив и ќе имавме десетици, а можеби и стотици мртви Срби“, кажа Вучиќ.