Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Пекинг изјави дека ќе поддржи каква било одлука на Србите во Косово во врска со изборите. „Ќе ја поддржам секоја одлука на Србите со Косово и Метохија, треба да бидете со својот народ кога е тешко, никого не принудувам, но мислам дека околностите се сменија и дека треба да размислуваат за избори. Погледнете го лицемерието од другата страна“, изјави тој.
Додаде дека утре во присуство на претседателот Си Џинпинг ќе биде потпишан договор за слободна трговија со Кина во кој ќе бидат вклучени 10.412 српски тарифни ставки, односно производи и 8.930 од кинеска страна и најави дека договорот ќе влезе. во сила до мај или јуни.
Вучиќ ја предводи српската делегација составена од бројни министри во Владата на Србија каде во Пекинг ќе учествуваат на третиот Форум „Појас и пат“.