Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан. Саемот, на 1 септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.
Премиерот Димитар Ковачевски организираше македонска вечер, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави фотографии и откри кој и со што го замарал.
„Димитар Ковачевски вечерва приреди фантастична македонска вечер во Белград, а Синиша како и обично ми раскажува за Белградската кула и сите содржини што ќе ги има во неа. За среќа, и може да се види по неговиот израз, должноста да се напие вино му премина од мене. Да живее пријателството на Србите и Македонците“, напиша Вучиќ.