Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се сретна со францускиот колега Емануел Макрон, но нивната средба била прекината поради повик од Доналд Трамп, претседателот на САД.
Сепак, српскиот и францускиот претседател претходно успеале да се напијат по чашка „армањак“, пијалок на кој Французите се горди.
„Мене не ми пречат изјавите на Макрон. Разговорот беше пријателски. Јас прашав, кој нас ќе ни гарантира дека во 2025 година ќе влеземе во ЕУ, па дури и да го решиме проблемот со Косово. Немаше одговор. Пиевме Њармањак“, во преубавиот Пикасов салон во кој тој има билатерални средби, зборувавме еден час и ќе траеше уште да не беше повикот од Трамп. Му рекоа дека Трамп го бара и што да правите…Луѓе, знаете ли каква чест е некој вака да ве прими?“-изјави српскиот претседател по средбата со Макрон.
,,Армањак“ е стар француски алкохолен пијалок, омилен од Французите, кои велат дека овој пијалок го чуваат за себе, а коњакот му го дале на светот.