Во интервју за „Блиц“ српскиот патријарх Иринеј изјави дека претстојниот христијански празник Велигден, во Србија ќе биде прославен поинаку, во услови кога мора да се почитуваат мерките што ги спроведува власта за заштита од Ковид-19.
-Мојата порака е да се држиме до препораките и покрај тоа што е убаво е убаво големите празници да ги прославиме в црква, ова е сосема поинаков момент. Да му се молиме на Бога во нашиот дом, во нашата домашна црква. Во моментов тоа е многу подобро, изјави српскот патријарх Иринеј
Ваквата изјава на патријархот следува откако српскиот претседател Александар Вучиќ упати молба до него, богослужбите во православните храмови по повод Велигден да се одржат, но без присуство на верниците.
-Целта е да ги сочуваме животите, рече Вучиќ.