Вучиќ и Сиљановска Давкова во Њујорк: Заемната поддршка на европскиот пат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк, каде што учествуваат на заседанието на Генералното собрание на ОН, на приемот по повод Самитот за иднината.

„Секогаш ми е драго што се среќавам со пријатели од регионот. Со Гордана Сиљановска Давкова за натамошните чекори во градењето на што поблиски односи, како и за взаемната поддршка на европскиот пат и предизвиците со кои се соочуваме во тој процес“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.

Претседателот Вучиќ денеска ќе се обрати пред учесниците на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, а за време на престојот во Њујорк, Вучиќ до 27 септември ќе има билатерални средби со повеќе од 40 светски лидери.