Вучиќ: Какво било признавање на Косово или отстапка за членство во ОН се наши црвени линии

По вчерашната средба со советникот на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле е јасно дека заедницата на српски општини мора да се формира, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, сумирајќи го разговорот со американскиот дипломат.

Тој рече дека на маса бил ставен и француско-германскиот предлог за нормализирање на односите со Косово, околу кој Вучиќ ги изнел црвените линии до каде Белград би можел да оди.

Косовскиот премиер Курти денеска оцени дека несогласувањата со Вучиќ се големи, а довербата мала и затоа би требало со него секој месец да се сретнуваат во Брисел.