Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека верува оти наскоро ќе започне изградбата на музејот на Новак Ѓоковиќ и додаде дека првите разговори за ова прашање се одржани денеска, што ќе биде уште една атракција.
„Палма (де Мајорка) има музеј посветен на Рафаел Надал. Ќе гледаме да покажеме во согласност со заслугите што направи за нашата земја и во исто време да привлече туристи. Новак е поголем од Надал во овој прекрасен спорт. Не знам дали знаете колкава е неговата популарност, не само кај нас, туку да речеме и во Кина, дека кога ќе му подарите рекет на Новак Ѓоковиќ на кинески функционер, тој не смее да го земе, бидејќи би се сметал за преголем и премногу скап подарок“, рече Вучиќ.
Како што рече, вредноста на името на Новак и на се останато е толку голема, па тоа е уште една од работите што ќе ги направиме.
„Верувам дека можеме да го завршиме многу пред Експо и да им го понудиме како содржина на туристите. Со ова Белград станува главен центар, метропола на целиот регион, не само на поранешна Југославија, туку и значително пошироко од тоа, затоа што треба да имаш таков град, за да можеш да привлечеш луѓе и верувам дека сме на вистинскиот пат“, рече Вучиќ, пренесе Телеграф.