Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Крагуевац изјави дека најдоцна за три месеци ќе почне изградбата на стадионот во тоа место, кој, тврди Вучиќ, ќе биде најубав во Србија.
Стадионот Чика Дача ќе вреди 70 милиони евра, а ќе има капацитет за 20 илјади гледачи. Вучиќ потврди дека сѐ е во завршна фаза.
„Изградбата ќе започне во мај. Дозволата за градба е добиена, проектната документација е завршена. Ова ќе биде еден од најважните и најголемите развојни проекти за Шумарице и целиот северен дел на Крагуевац“, рече српскиот претседател. Дополнително, Вучиќ изјави дека во наредните денови ќе биде потпишан договорот за изградба на брзата пруга Белград-Ниш и дека Крагуевац мора да биде поврзан со таа пруга.