Вучиќ нарачал 30 милиони килограми брашно, оти нешто се случува во Украина

На дебатата што се одржа на српската ТВ Прва, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека поради опасноста од конфликт помеѓу Русија и Украина, властите нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав.

– Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува – рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво сè уште се необезбедени.