Нема да има ископ на литиум уште најмалку четири години и нема да се дозволи никакво ископување додека не се потврди дека нема да има закана за животната средина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој додаде дека е подготвен за секоја стручна расправа и аргументи за тоа.
Одговарајќи на новинарско прашање тој наведе дека неговиот повик до оние кои се против ископуавање литиум заедно да направат полиграф е повик за да се префрли дискусијата за литиумот од лично поле на професионална дискусија за тема.
-Јас сум претседател на Републиката. Се гордеам со тој факт и никогаш не сум земал пари од никого, а не од странска компанија за да лобирам за тоа, јас само лобирам за Србија, рече Вучиќ.
Тој рече дека нема да дозволи ништо да се прави доколку тоа ја загрози животната средина, но на жителите на Лозница ќе им покаже колку можат да добијат од искористување литиум.
Британија заинтересирана за српскиот литиум
Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Србија, Едвард Фергусон изјави дека Србија има големи количини литиум, кој е со одличен квалитет.
„Очигледно е дека новата српска влада треба да донесе важна одлука и ние очигледно сме многу заинтересирани да постигнеме договор. Доколку српската влада одлучи да продолжи со овој проект, ќе направиме се што можеме за да обезбедиме успех на овој проект, што ќе и помогне на српската економија да расте и да ја обезбеди позицијата на Србија во самото срце на процесот на европска зелена транзиција“, вели британскиот дипломат за Нова економија.
Одговарајќи на прашањето дали Британија и Европа се заинтересирани за српскиот литиум и дали преговараат со Владата на Србија, Фергусон го потврдува нивниот интерес и изразува уверување дека овој проект може да донесе највисоки еколошки стандарди и економска помош за населението во Лозница.
Според неговото објаснување, самата Британија е во процес на отворање на својот прв рудник за литиум во Корнвол, а проектот е поддржан од државата, финансиран од британското Министерство за финансии, а го спроведува компанијата „Cornish Lithium PLC“ и очекувано, ќе се работи според највисоките еколошки стандарди.
„Литиумот е клучот за секоја идна економија бидејќи е „клуч“ во составот на секоја е-батерија“, нагласи Фергусон.
Како што рече Фергусон, имало многу приказни кои не се засновале на факти и дека е важно да се оддели факт од фикција кога се зборува за толку важни и тешки одлуки. Според британскиот дипломат, секогаш треба да се мери кои се можностите и кои се ризиците кога станува збор за одредени проекти, а свесен е дека постои загриженост за ризикот за животната средина.
„Секоја рударска операција го носи со себе овој ризик, но исто така е можно да се управуваат со тие ризици“, вели амбасадорот.
Според него, Британија „сака да биде дел од успешната српска економска приказна“.
Фергусон позитивно ја оценува актуелната економска ситуација и наведува дека јавниот долг е под контрола, дека БДП расте како и странските директни инвестиции, но и дека Британија сака да направи повеќе за подобра иднина на Србија, особено за младите во овој регион, кои се заминување во странство во голем број. Според него, најмногу се заинтересирани за заеднички проекти во регионот, но и за поединечни проекти за зелена транзиција.