Бројките покажуваат дека во Србија има најмногу заразени со коронавирусот од сите земји во регионот, а српскиот претседател Александар Вучиќ објаснува дека тоа е така затоа што во оваа земја се прават најмногу тестирања во сопредба со другите држави.
– Само вчера беа тестирани 7.000 луѓе. Како мислите некоја друга земја од регионот да има повеќе заразени кога скоро сите држави тестираат до 1.000 луѓе? – рече Вучиќ на конференцијата за новинари.
Тој додаде дека најголемиот број земји од регионот тестираат до 1.000 луѓе на ден, но и дека има земји кои воопшто не тестираат.
– Ние можеме утре да прекинеме со тестирање или да тестираме по 300 луѓе дневно, па тогаш ќе имаме само пет, шест, два или три заразени луѓе – истакна Вучиќ.