Нема да потпишам независност за Косово, дециден е претседателот на Србија, Александар Вучиќ говорејќи на седница на главниот одбор на неговата партијата СНС.
Вучиќ, како што пренесуваат српските медиуми, најавил дека дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи кон средината на јуни.
„Пред и потоа ќе бидеме изложени на многу притисоци. Во 2008 година кога Албанците донесоа долука, а потоа тргнаа во создавање на независна држава, реакциите на српската држава беа никакви, бидејќи и државното раководство ни беше такво“ порачал Вучиќ.